-->

Норвешкиот Малдини


39-годишниот фудбалер на Розенборг Странд има пропуштено само една сезона за својот матичен клуб.

Во неделата во Норвешката прва лига, натпреварот помеѓу Розенборг и Од Гренлад беше многу значаен и специјален за еден фудбалер. Тоа беше миленикот на Розенборг Роар Странд, кој го одигра 600 натпревар во дресот на екипата од Трондхајм.

39-годишниот Норвежанец кој игра во средината на тренот своето деби го имаше за Розенборг во 1989 и освен позајмицата во Молде во 1993 останатите сезони ги помина во Трондхајм.

Беше дел до серијата од 13 последувателни титули од 1992 (исклучок 1993), па се до 2004. Или се на се, му помогна на тимот да освои 14 шампионски титули и 5 трофеи во купот на Норвешка.

Во Норвешка е споредуван со легендата на Милан, Малдини. Сепак тој се смее на таа споредба. „Јас и Малдини сме во сосема различни светови.“

Тој е рекордер според бројот на настапи во Норвешка со 406. Најверојатно ќе се пензионира сезонава.
„Имав одлична кариера, но еве сега чуствувам дека моите нозе се побавни и побавни. Сега сум 100% сигурен дека ќе се пензионирам."

Има 42 настапи за норвешката национална репрезентација и има постигнато 4 гола. Има и настапи во ЛШ и нагов најдраг настап е оној против Милан 1996год на гости кога Розенборг победи со 2-1, 3-0 со Дортмуд 1999год и победата над Реал на домашен терен од 2-0.

Неговите соиграчи се сложуваат во едно.„Тој е легенда на Розенборг. Ако можеа во Алесунд да му изградат статуа на Риисе, тогаш зошто да нема и статуа на Странд во Трондхајм.“

 

Copyright © 2009 selotejp.com