-->

Сурфањето на работа носи продуктивност

Вработените кои за време на работното време користат интернет за лични цели се за околу 9% попродуктивни од оние кои се воздржуваат од активности од овој тип.

До овие сознанија дошол авторот на студијата Др. Брент Кокер од одделот за менаџмент и маркетинг на Универзитетот Мелбурн, а кој оваа активност прикладно ја нарече Workplace Internet Leisure Browsing (WILB).

Доктор Кокер ги анализирал работните навики на 300 вработени, од кои дури 70% од нив за време на работното време користат интернет за да се разонодат. Активностите од овој тип меѓу вработените варирале од информирање за различни производи, читање вести, играње онлајн игри до гледање на клипови.

„Компаниите трошат милиони на вградување софтвери кои на вработените ќе им го забранат пристапот на страници како YouTube или Facebook поради наводното паѓање на продуктивноста, но како што покажува мојата студија, тоа и не е баш така“, изјави Кокер.

И, така... :)

 

Copyright © 2009 selotejp.com