-->

Ирански печат: Ахмадинеџад ги разбесни западните расисти


Свет, 21 април, (Нетпрес) - Дузина дипломати од западнаите земји ја напуштија вчера Конференцијата за борба против расизмот во Женева, а двајца демонстранти облечени како кловнови ги флрија своите црвени носови кон иранскиот претседател, за време на неговиот говор, во кој го нарече Израел “најжестокиот, репресивен и расистички режим“, коментира во своето денешно издание американскиот весник “Бостон Глоуб“.

САД ги опишаа забелешките на Махмуд Ахмадинеџад како зборови на омраза, кои само ги влошуваат односите, кои сепак беа затоплени откако Барак Обама побара преговори со Иран за нуклеарна програма. Ахмадинеџад беше првиот официјален претставник, кој имаше можност да одржи говор на Конференцијата во Женева. Неговото обраќање траеше 30 минути. Тој повика за светско обединување во борбата против расизмот и потоа рече дека САД и Европа помогнале за создавање на Израел кон крајот на Втората светска војна, на сметка на Плаестинците, коментира американскиот весник.

Според рускиот “Росискаја Газета“, пак, Конференцијата за борба против расизмот почна со скандал.

“Во епицентарот на дипломатската бура, повторно беше иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад“, објавува рускиот весник.

Прво САД и Израел, а потоа Австралија, Холандија, Италија, Канaда и Германија ја бојкотираа женевската конференција, напоменувајќи дека иранскиот лидер ја користи за упатување на нови критики на адреса на Израел. Од своја страна, генералниот секретар на ООН, Бан Ки-мун изјави дека е “многу разочаран од меѓусебните обвинувања и од однесувањето на некои држави, кои не учествуваат на Конференцијата, пишува рускиот медиум.

“Зборувам за отпочнување на ново единство, како одговор на предизвиците на времето, но истовремено ние остануваме слаби и разединети“, рече Бан Ки-мун.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, ја одреди борбата со негативните ставови кон евреите, како примарна за Израел, објавува израелскиот весник “Аарец”. Освен тоа, тој го опомена иранскиот претседател во одрекувањето на Холокаустот и го обвини за стремеж кон уништување на израелската држава.

“Нема да дозволиме повторно масовни егзекуции на евреите. Тоа е долг на израелската држава. Тоа е и мој долг како премиер на Израел“, рекол Нетанјаху.

Весникот “Аарец“ напоменува дека Ахмадинеџад го нарекол Израел “најжестокииот расистички режим“.

Вчера во Женева, на денот на раѓањето на Адолф Хитлер, во атмосфера на скандали и меѓусебни обвинувања, почна меѓународната конференција за борба против расизмот, пишува “Времја Новости“. Иранскиот претседател рече дека западните држави испратили емигранти од Европа и САД, за да формираат расистичка власт во окупирана Палестина. Генералниот секретар на ООН, Бан Ки-мун, изрази големо разочарување од неговите зборови.

Неколку весници во Иран, го поздравија антиизраелскиот став на претседателот Махмуд Ахмадинеџад на Конференцијата во Женева.

“Повик за праведност во срцето на Европа: Ахмадинеџад ги разбесни западните расисти“, е насловот на ударниот текст во државниот весник “Иран“.

Насловницата на дневниот весник “Кајхан“ е: “Поздрав за Ахмадинеџад и омразен расистичкиот Израел“.

 

Copyright © 2009 selotejp.com