-->

Ги задавила децата за да може на мира да игра World of Warcraft

Германката Кетрин родила три деца. Ќеркичката ја родила во када, и таму ја задавила со голи раце. Години подоцна родила уште едно девојче, и неа ја задушила. World of Warcraft играла затоа што таму била хероина.



Кетрин О. (27) родила три деца, а само нејзиниот тригодишен син останал жив, додека другите две деца ги задавила, како би можела во тишина да игра компјутерски игри. Бирократката од Германија често по цели денови минувала во виртуелниот свет.

“Дневно играта “World of Warcraft “ ја играв по седум или осум часа. Често ја играв и по цела ноќ. Во неа бев добра личност, бев хероина, а мoето момче беше војник“, рекла Кетрин.

Таа набрзо почнала да го занемарува својот син. Другото нејзино дете, девојче, го родила во када, а по породувањето ја задавила со раце. По една година, родила уште едно девојче, кое исто така го убила, неа ја задушила и ја оставила во машината за перење алишта. Таму ја пронашло нејзиното момче. Таа ја изгубила работата, а сите пари ги давала за игри.

“Едноставно не можев да престанам. Иако наутро ќе одлучев дека веќе нема да играм, попладне повторно седнував на компјутерот“<.em>, рекла Кетрин.

Во понеделникот започна судењето против неа на судот во Halle. И се закануваат 15 години затвор.

 

Copyright © 2009 selotejp.com