-->

Погледнете го најлудиот коментатор на Балканот!

Сте слушнале ли за Марјан Мијајловиќ? Ви го претставуваме најоригиналниот, најоткачениот и дефинитивно најдобриот спортски коментатор на Балканот!

Во тоналитетот ’сериозни’ и импотентни гласови кои со години ја поттикнуваат продажбата на сателитски антени за да следиме фудбал без стандардните нервози од очајните коментатори, Мијајловиќ доаѓа како лекција како треба да се пренесе еден фудбалски меч.



Досетливи коментари, енциклопедија од податоци, анегдоти, интересни пикантерии, сето тоа зачинето со енормна доза на искреност и залуденост од спортот каква што во Македонија е апсолутно невозможно да се види, Марјан Мијајловиќ е вистинско откровение какво што насушно ни треба нам, на вљубениците во фудбалот.



Со неговиот легендарен пренос на мечот Хофенхајм – Баерн ги освои фановите низ поранешните Ју простори, а со последните урлици на мечот БиХ – Белгија влезе во светот на славните.



Работеше за ТВ Спортклуб, а од неодамна од Белград се пресели во Сараево и сега работи за НТВ Хајат.



Погледнете некои од неговите веќе сега легендарни преноси и дознајте зошто во БиХ му се клањаат на улица и го скандираат неговото име.









 

Copyright © 2009 selotejp.com