-->

IE со најслаб рејтинг во последните 10 години

Новата верзија на веб прелистувачот на Microsoft, Internet Explorer 8 е достапна за корисниците веќе 18 денови, но како што известуваат аналитичарите, на неговото користење се одлучиле само 4% од корисниците.

Според податоците на аналитичарите од Net Applications, oд вкупниот број на корисници кои Internet Explorer ги изгубил од почетокот на оваа година, половина преминале на конкурентниот Firefox, додека остатокот од нив започнал со користење на прелистувачите на другите производители, како Safari на Аpple или Google Chrome.

Глобално гледано, Internet Explorer останува најдоминантниот веб прелистувач, но неговиот уддел на глобалната мрежа во март оваа година според податоците на Net Applications изнесувал 66.82%, најмалку во минатите 10 години.

Firefox во раниграњето се најде на второто место со удел од 22.05% , што е најголемата бројка која оваа аналитичка куќа ја објавила досега за продуктот на Mozilla. Safari се наоѓа на третото место со 8.23%, а Opera е четврта со 0.71%.

 

Copyright © 2009 selotejp.com