-->

Скок во активен вулкан

Ѕвездата на екстремните спортови и светскиот првак во падобранство, Русинот Валериј Розов, скокна од хеликоптер во активниот вулкан Мутновски на рускиот полуостров Камчатка.

44 годишниот зависник од адреналин го изведе овој необичен подвиг со помош на специјално одело, а падобранот го отвори дури кога се најде во внатрешноста на кратерот.

Розов и неговиот тим мораа внимателно да ја испланираат целата акција за да слета точно на предвидената подлога. Во спротивно, ќе ризикуваше спуштање на претопла површина.

Храбриот падобранец го брзо го извлекоа од кратерот поради високата концентрација на отровни гасови.

"Беше страшно", изјави Розов. "Поради гасовите одвај дишев, смрдеата беше одвратна и добив страшна главоболка".

Епа, што се глупираш...

 

Copyright © 2009 selotejp.com