-->

Највисок човек на планетата

Кинезот, Жао Лијанг (27) со висина од 2,46 метри е највисокиот човек на светот и за 10 сантиметри го надвиши досегашниот рекордер. Лијанг висината со која влезе во најновото издание на Гинисовата книга на рекорди ја измери во болницата во Тајланд, каде дошол на преглед за повредата која ја заработил пред 10 години.

Младиот Лијанг бил дел од една кошаркарска екипа, но неговата кариера била прекината поради тешка повреда на стапалото. Родителите на највисокиот човек на планетата имаат нормална висина, па поради тоа научниците не ја знаат причината за големата висина на Жао.

Досегашниот рекорд го држеше неговиот сограѓанин Бао Хишуан со 2,36 метри.

 

Copyright © 2009 selotejp.com