-->

Espresso Book Machine

Знаеме дека не читате книги, но замислете дека го правите тоа и замислете ситуација дека влегувате во книжара, итно ви треба некоја книга, а неа ја нема. Што ќе правите? Ќе ја нарачате па ќе чекате цел месец, ќе симнете pdf од интернет па ќе шинете грб и очи, ќе го испринтате и ќе си го уништите принтерот? Едноставно, ќе си ја испринтате книгата во книжара.

Оваа технологија ќе стигне кај нас еден убав сончев ден, но добро е да се знае дека постојат места на светот каде ова е возможно. Espresso Book Machine е машина која, како што кажува насловот, може да испринта книга додека вие пиете еспресо. И ова не е научна фантастика. Во Лондон овие машини веќе се поставени, а наскоро и во останатите делови од Англија. За сега, во својата база имаат околу 400.000 книги.

Батките од Blacwell, производителот на машината, велат дека наскоро ќе имаат и киосци на кои ќе може да се одберат книги од каталог и да се притисне копчето "направи книга". Дури ни цената нема да биде пречка. Книгите без авторски права ќе се печатат за 0.1 £ по страница, или 200 страници = 20 £ = 1.378 денари. Книгите кои имаат авторски права ќе бидат по иста цена како оргиналите.

Се надеваме дека машината ќе ги намали нејзините димензии, ќе поефтини и ќе стане составен дел од секое домаќинство, па можеби така ќе се чита повеќе.

 

Copyright © 2009 selotejp.com