-->

HTC Snap

HTC го претстави својот нов модел Snap, паметен телефон кој работи на Windows Mobile оперативен систем. Станува збор за исклучиво тенок телефон (12мм) кој доаѓа со целосна QWERTY тастатура, наменета за сите приврзаници и зависници од мобилните e-mail пораки.


Според HTC, Snap претставува идеален уред за сите оние корисници кои за првпат купуваат smartphone. Телефонот работи на 528MHz QualComm процесор, има 128MB RAM, поддржува 3G, WiFi, BlueTooth и A-GPS.

Вградената камера на Snap има резолуција од (само) 2 мегапиксели, QVGA екранот има големина од 2.4 инчи, додека отворот за microSDHC мемориски картички би требало да ги задоволи различните потреби за простор на телефонот.

Овој телефон би требало да се појави во наредните 2-3 месеци, но само во одредени земји - додека во втората половина од 2009 ќе започне да се продава на пазарите низ целиот свет.

 

Copyright © 2009 selotejp.com