-->

Рокерски звучници за iPhone и iPod

Љубителите на стариот рок звук ќе знаат да го ценат овој систем на звучници за iPod кој со изгледот потсетува на појачало за електрична гитара.

Фирмата Ion Audio го произведе овој iPhone dock кој е очигледно наменет за фановите на рок музиката. Tailgater, како што е наречен овој систем на звучници, без проблем би можел да се вклопи на бината на било кој рок концерт. Се работи за систем од два звучници во една кутија со влез кој овозможува поврзување со iPod MP3 плеер.

Tailgater е компатибилен со сите нови iPod-и, вклучувајќи го и модеот Touch. Освен Apple компатибилните аудио влезови, на системот се наоѓаат и класични аудио влезови кои можат да послужат за спојување со микрофон. Tailgater има вградена батерија која гарантира осум часа на музичка репродукција, а има и индикатор на потрошеност.

На врвот на уредот има рачка за носење што овие звучници ги прави практичен аудио систем за забава. Ion Audio ги препорачува со малопродажна цена од 200 американски долари.

 

Copyright © 2009 selotejp.com