-->

Извозот на домашно млеко може да реши многу проблеми

Само зголемениот извоз на македонски млечни производи, поддржан со државни извозни стимулации, може да биде решение за нереализираниот откуп на млеко, оцени денеска преку соопштение ИМБ Млекарница Битола.

Според компанијата, делумни решенија се и воведување стимулации околу ДДВ и безцарински увоз на сточна храна.

Од ИМБ укажуваат дека иако моментално увозот учествува со 10-15 проценти во вкупната понуда на млеко во земјава, високите субвенции за извоз кои ги доделуваат земјите од Европската унија, како и соседните држави може дополнително да ја влоши состојбата.

- Фармерството треба да бидат една од конкурентните гранки во Македонија, гранка за која постојат предуслови и врз која ќе се гради развојот на економијата во иднина. Македонија е богата со природно чиста вода, еколошки реони. Треба брзо да се надмине моменталната состојба и да се подржи развојот, соопштува битолската млекарница и укажува дека фармерите треба да се ориентираат кон производство на еколошко млеко, свеж ниско калоричен јогурт, ниско калорично сирење кои ќе бидат доминантни производи во регинот во блиска иднина.

ИМБ млекарница Битола денеска соопшти дека и понатаму со ист обем ќе откупува млеко од своите кооперанти. Компанијата овој месец реализираше извоз на 50 тони сирење во Србија, континуирано извезува македонски традиционален кашкавал, како дел од палетата на деликатесни сирења специјално брендиран за пазарите надвор од земјава, се вели во соопштението од ИМБ Млекарница.

 

Copyright © 2009 selotejp.com