-->

LG продаде повеќе од 2 милиони "колачиња"

LG со гордост ја објави информацијата дека до сега на пазарот успешно пласираше повеќе од 2 милиони од својот LG Cookie, кој моментално важи за еден од најповолните телефони со екран осетлив на допир.

Иако LG KP500 не ужива голема популарност во Македонија, од лансирањето на овој телефон во октомври минатата година, само во Европа се продадени повеќе од 1.2 милиони примероци - а телефонот одлично котира и на пазарите во Азија, Латинска Америка и земјите во развој, каде што е продаден во повеќе од 600 илјади примероци. Од LG потенцираат дека нивните амбиции се испорака на уште 8 милиони парчиња од овој телефон, со што би ја достигнале бројката од 10 милиони "колачиња".

 

Copyright © 2009 selotejp.com