-->

Паметен монитор од LG

Компанијата LG претстави нова серија монитори под назив W53, кои имаат посебна Auto Brightness опција која овозможува оптимизација на јачината на осветлувањето како и останати подесувања на сликата во зависност од светлото во просторијата и содржините кои се прикажуваат.

Уште еден новитет во низата нови опции на серијата W53 е и Cinema модот кој оневозможува одвлекување на вниманието за време на гледањето онлајн видео содржини. Имено, оваа опција зацрнува се освен самиот видео запис и со тоа го фокусира вниманието на корисниците на содржината, а не на разните огласи.

Овој монитор има и тајмер кој ги потсетува корисниците да направат пауза според однапред утврдени временски интервали.

Мониторите од серијата W53 е со големина од 18,5 до 27 инчи.

 

Copyright © 2009 selotejp.com