-->

Twitter здосадува брзо?

И покрај тоа што се повеќе луѓе го користат Twitter, истражувањата на компанијата Nielsen Online покажуваат дека дури 60% од новите корисници се откажуваат од користењето на овој сервис во текот на првиот месец.


Иако ова изгледа како прилично голема бројка на "дезертери", 60-те проценти се всушност напредок во однос на резултатите од пред месец дена, кога процентуалниот приказ беше уште полош.

За разлика од Twitter, Facebook и Myspace се далеку поинтересни за своите корисници, па така дури 60% продолжуваат со користење на сервисите по првата регистрација, а 40% си заминуваат.

Некои аналитичари велат дека резултатите на Nielsen Online и не се баш валидни кога станува збор за Twitter, затоа што голем број од корисниците после првата регистрација продолжуваат да "твитаат", но не преку Twitter.com - туку преку нивните мобилни телефони и други извори.

 

Copyright © 2009 selotejp.com