-->

Mercedes ја прикажа редизајнираната S класа

Mercedes одлучи да го одбележи салонот за автомобили во Њујорк со редизајнираната S класа и со нејзината хибридна верзија, која воедно е и прв сериски хибриден модел.

Редизајнираната S класа доби нов изглед на предниот и задниот дел со нова решетка кај ладилникот и хромирана украсна линија која се протегнува по долниот дел од каросеријата, а тука се и редизајнираните фарови со LED светилки. Во внатрешноста, лимузината на Mercedes доби сет нови технологии, како 6.5 инчниот LCD дисплеј, доработениот COMAND систем и навигација.

S класата ја движи V8 мотор со 382 коњски сили во моделот S550 во изведбите со заден или интегрален погон, V12 со 510 КС во верзијата S600, V8 со 518 КС во S63 AMG и V12 во верзијата S65 AMG.

Сепак, најинтересниот од серијата моментално е S400 Hybrid кој под хаубата крие V6 со 276 КС спарен со електромотор со сила од 20 КС и литиум-јонски батериски пакет, кој според податоците на Mercedes во комбиниран циклус троши просечно осум литри гориво на сто километри.

 

Copyright © 2009 selotejp.com