-->

Opera слави 15 години постоење

И покрај значајниот јубилеј (15 години од претставувањето на првата верзија на овој веб прелистувач), Opera никогаш не успеа да зграби позначаен дел од овој дел на пазарот. Сепак, тоа не е причина да не и го честитаме роденденот.

Првата линија од кодот на Opera е напишан во април, далечната 1994 година. Две години потоа, претставена е првата јавна верзија - Opera 2.0.

Од своите почетоци до денес, на Windows, Linux или Mac, Opera успеа да зграби околу 40 милиони корисници низ светот, што според податоците на аналитичарите моментално изнесува нешто над 2% удел на пазарот.

Opera моментално се наоѓа во верзија 9.64, но на јавноста и е достапна и алфа верзија со ознака 10.

Повеќе детали за сите верзии на Opera и времињата на нивното создавање можете да прочитате тука.

 

Copyright © 2009 selotejp.com