-->

Збогум Pontiac

Американскиот автомобилски гигант General Motors го превзеде првиот чекор во сопственото реструктуирање и донесе одлука да го укине Pontiac по 83 години постоење на овој бренд.

Како што стојат работите, слична судбина им се пишува и на Saab, Saturn и Hummer, бидејќи американскиот производител не успева да најде заинтересирани купувачи во овие кризни времиња, а време за реструктуирање има се помалку. Во наредниот период, GM планира да се фокусира на четири брендови - Chevrolet, Cadillac, Buic и GMC.

GM планира и да ја намали работната сила од 61.000 во 2008 година, на 40.000 во 2010.

 

Copyright © 2009 selotejp.com