-->

Далас и Кливленд во полуфиналето од плејофот

По Лејкерси, пласман во полуфиналето на Западната конференција на НБА лигата, утрово обезбеди и Далас кој на гости го совлада Сан Антонио со 106:93 и со тоа стигна до одлучувачката победа во серијата.

Пред Далас и Лејкерси, полуфиналист на плејофот стана и Кливленд, но во Источната конференција. На Кливленд му беа потребни само четири натпревари за да стигне до истиот број победи.

Одлучувачкиот дуел помеѓу Далас и Сан Антонио пројде во целосна доминација на кошаркарите од Тексас кои во своите редови имаа дури шест играчи со двоцифрен број постигнати поени. Ги предводеше Дирк Новицки со 31 поен, а го следеа Џејсон Тери со 19, Џош Хауард со 17, Џејсон Кид со 12...

Противник на Далас во полуфиналето од плејофот на Западот ќе биде победникот од дуелот Денвер - Њу Ор

 

Copyright © 2009 selotejp.com