-->

Борбата за Twitter започна

Во последно време се крева се повеќе прашина околу Twitter и неговото можно преземање од некоја помоќна компанија од типот на Microsoft или Google.

Овој едноставен сервис за микро-блогирање најпрво го привлече вниманието на Facebook, кој сепак не понуди доволно пари за преземање, а сега гласините говорат дека за Twitter е заинтересиран и Google.

Според последните информации, во играта се приклучи и Microsoft кој сега се бори со Google, но не околу преземање на овој сервис, туку за склучување на договор за огласување во неговиот пребарувач. Ова е сосема логичен потег со оглед на моменталниот број на корисници на Twitter кој рапидно се зголемува, како и растечката популарност на сервисот во светски рамки.

Токму поради големиот потенцијал на Twitter, аналитичарите проценуваат дека доколку евентуално дојде до некаков договор - тој ќе биде само договор за огласување. Преземањето на компанијата, пак, би го чинело некого добар дел од своето богатство, а оваа година поради глобалната психоза наречена "светска економска криза", на малку компании им се прават големи зделки.

 

Copyright © 2009 selotejp.com