Под името UltraCamXp која доаѓа од лабораториите на Microsoft, се крие најновата верзија на камерата наменета за снимање на воздушни фотографии кои служат за изработка на детални мапи на земјината површина.
UltraCamXp е надоградена верзија на постоечкиот фотоапарат на оваа компанија кој сега има подобрен оптички сензор, простор за податоците и други софтверски унапредувања.
Сензорот сега располага со импресивни 196 мегапиксели овозможувајќи снимање на фотографии со резолуција од 17.310х11.310 пиксели, меморискиот дел е зголемен од 160 на 320 гигабајти простор, а корисниците доколку сакаат ќе можат да ја инсталираат најновата верзија на софтверот UltraMap Workflow Software System или UltraMap/AT.
Со купувањето на австриската компанија Vexcel Imaging, Microsoft доби прилика за изработка на сопствени камери со висока резолуција, а од 2004 година и на своите клиенти им овозможи купување на овој фото-ѕвер.
Повеќе детали за UltraCamXp, тука.