-->

X-mini Happy MP3 плеер

Компанијата XM-I претстави нов прототип уред, кој претставува комбинација од звучници, MP3 плеер и читач на мемориски картици. Уредот со име „X-mini Happy“, се темели на претходно промовираните звучници на компанијата, наречени „X-mini II“.

Ставањето на музичките или другите видови датотеки на SDHC мемориската картичка се врши преку USB приклучок, преку кој исто така се полни и вградената батерија. Како што се наведува во спецификациите на компанијата, батеријата трае 11 часа, кога звучниците со 3,5-милиметарскиот аудио конектор се приклучени на надворешен извор на звук, или пак до шест часа кога музиката се репродуцира од мемориската карта.

Иако уредот во моментот се наоѓа во фаза на прототип, се очекува својата комерцијална употреба да ја доживее во текот на летниот период. За сега нема информација за цената на уредот.

 

Copyright © 2009 selotejp.com