-->

ФИА ги менува правилата во Формула 1

Формула 1 од 2010 година ќе претрпи значајни промени, откако Меѓународната автомобилистичка организација на состанокот во Париз донела важни одлуки поврзани за тој спорт.

Веќе од наредната сезона буџетот на екипите во "најбрзиот циркус" ќе биде ограничен на 40 милиони фунти, ќе биде забрането долевање на гориво во текот на трките и дополнителни три екипи ќе се вклучат во шампионатот од Формула 1.

Здружението на екипи (ФОТА) ќе се изјасни за донесените одлуки по состанокот кој ќе се одржи на 6 мај.

 

Copyright © 2009 selotejp.com