-->

100-те највлијателни луѓе на светот

Тајм, еден од највлијателните магазини на светот, ја објави својата годишна листа на 100-те највлијателни луѓе на светот. Едноставно, тоа се луѓето кои највеќе влијаат на светот. Избраните се поделени во пет категории.

Меѓу светските лидери, иако неговиот мандат само што започна, очекувано се најде Барак Обама, а тука е и неговата партиска колешка Хилари Клинтон.

Од истакнатите актуелни имиња тука се и Николас Саркози и Ангела Меркел, како и Гордон Браун. Но, интересно е да се забележи дека на листата не се најде Владимир Путин.

Во категоријата наречена "Градители и џинови" се најдоа момците од новата генерација, екипата која го осмисли Twitter, но скоро неверојатно е дека тука не се најде Марк Зукерберг, творецот на популарниот Facebook.

Од имињата во оваа категорија треба да се издвои и Бред Пит, кој меѓу ова друштво се најде поради стотиците куќи кои ги изгради за жртвите од ураганот Катрина. Тука се уште и Тед Тарнер, Стела Мекартни, Медведев, Берни Медоф...

Некои од имињата кои се најдоа во "популарната" категорија на уметници и забавувачи се Кејт Винслет, Пенелопе Круз, Том Хенкс, Џеј Лено...

Очекувано, и Опра Винфри има свое место во ова друштво, а тука е и Џорџ Клуни.

Интересно, за разлика од Мајкл Фелпс кој не се најде на листата, тука се успешните спортисти Рафаел Надал и Тајгер Вудс.

Научниците и мислителите обично не се посебно истакнати имиња, но секако имаат големо влијание на светот, на донекаде прикриен начин. Во оваа група се Роналд Фрејер, најмладиот црн професор во историјата на Харвард, Кони Хедегард, данската министерка за животна средина која со сите сили се бори против неизбежните климатски промени, како и Џон Фавро, човекот кој му ги пишува говорите на американскиот претседател Обама.

 

Copyright © 2009 selotejp.com