-->

Пинк: Горда бисексуалка сум

Бисексуалка сум и не се срамам од тоа. Љубовта е чиста, без разлика дали е реализирана со маж или со жена - им призна Пинк (29) на британските медиуми и со тоа ги прекина долгогодишните шушкања за нејзината сексуалност.

Пејачката досега тврдеше дека во нејзиниот живот нема место за жени. Но, се чини дека го промени мислењето по минатогодишниот развод од сопругот Кери Харт.

- Моите чувства не познаваат боја на кожа или пол. Би можела да бидам среќна со нова девојка, а не само со нов дечко, изјави Пинк.

Слични признанија, но со многу повеќе акција имаа и Мадона и Анџелина Џоли. Нивното мазење со жени во неколку наврати и се овековечија, па за разлика од Пинк, за нив не мораше да се претпоставува.

Мадона во својата книга "Секс" веќе ја спомна својата страст кон понежниот пол, а ја демонстрираше на дело во 2003-та, кога на доделувањето на МТВ наградите ги бакна Бритни Спирс и Кристина Агилера.

Пејачката Нели Фуртадо е една од декларираните бисексуалки, но досега папараците ја немаат фатено на дело.

 

Copyright © 2009 selotejp.com