10 симптоми кои не смеете да ги игнорирате
Се обидува ли вашето тело нешто да ви каже? Прочитајте ги следните 10 симптоми кои не смеете да ги игнорирате.
1- Неочекувано губење на телесната тежина
Доколку дојде до непланирано губење на тежината и во текот на еден месец изгубите повеќе од пет отсто од вкупната тежина, односно 10 отсто за шест месеци тогаш треба да го посетите вашиот лекар. На пример, доколку цел живот се борите со вишокот килограми и одеднаш ненадејно ослабете, тоа значи дека вашето тело ве алармира дека нешто се случува.
2- Постојано зголемена телесна температура
Некои вируси можат да предизвикаат зголемување на телесната температура. Таа обично не е премногу висока (до 38 степени Целзиусови) и трае неколку дена, но доколку телесната температура (меѓу 37,5 и 38,5) трае подолго од една недела, тогаш задолжително јавете се кај лекарот. Температурата може да сигнализира за сериозни инфекции, без разлика на тоа што нема други попратни симптоми. Колку вашата температура е повисока толку поитно треба да побарате лекарска помош.
3- Краток здив
Доколку сте здраво лице кое вообичаено нема проблеми со дишењето, а ненадејно почувствувате потешкотии или краток здив, итно јавете се кај лекарот. Доколку имате астма или знаете што ги предизвикува проблемите со дишењето, тогаш следете ги упатствата на матичниот лекар.
4- Необична промена во работата на цревата
Клучниот збор е промена. Некои луѓе со години имаат цревни проблеми. Овие луѓе не треба веднаш да трчаат кај лекарот доколку имаат запек, особено ако за тоа веќе претходно сте разговарале. Посетата на лекарот треба да ја направите доколку дојде до ненадејни промени.
5- Промена во менталната состојба
Дезориентацијата, збунетоста, халуцинациите или ненадејното агресивно однесување се сигнал за итна медицинска помош.
6- Нови или зачестени главоболки
Повеќето главоболки се иритирачки, но исчезнуваат сами од себе. Сепак во некои случаи главоболката е сигнал за некој посериозен здравствен проблем. Главоболката која ненадејно се јавува и за која мислите дека е најлошата главоболка во вашиот живот, бара итна медицинска интервенција.
7- Краткотрајно губење на видот, способноста за говор или парализа на дел на телото
Ова може да бидат рани сигнали на удар и колку побрзо го посетите лекарот, толку подобро ќе поминете.
8- Блицови светло
Доколку ви се појават флеш светла, а не се предизвикани од мигрена, јавете се кај лекарот. Освен тоа, симптоми на окото, кои бараат итно лекарско внимание се значително зголемување на темните дамки кои пловат пред вашите очи, ненадејна „завеса“ или чувство како да гледате низ филтер.
9- Чувство на ситост иако малку сте јаделе
Доколку забележите проблеми во вашата исхрана, на пример јадете многу помалку од вообичаеното, не е лошо да побарате лекарски совет за ненадејното губење на апетитот. Можеби станува збор за некоја промена во функционирањето на дигестивниот систем.
10- Врели, црвени и испотени дланки
Во некои ситуации (стрес, нервоза) овие симптоми се јавуваат одвоено и тоа е сосема нормална појава, но доколку се појават заедно тогаш веднаш побарајте медицинска помош.

Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)