Кошаркарите на актуелниот шампион Бостон со победата од 112:94 против Орландо го изедначија резултатот на 1:1 во победи. Најзаслужен за триумфот беше плејмејкерот Рондо кој имаше „трипл дабл“ учинок - 18 асистенции, 15 поени и 11 скокови.Во вториот синоќешен натпревар ланскиот финалист Лос Анџелес Лејкерс со 111:98 го совлада Хјустон. Коби Брајант натпреварот го заврши со 40 поени.
Следните два натпревара се играат на теренот на Орландо односно Хјустон.










