-->

Бекам бара "дупка" во законот

Англискиот репрезентативец и член на Милан Дејвид Бекам на сите можни начини се обидува да пронајде каква било можност за да го одложи своето враќање во дресот на ЛА.Галакси кој е негов во моментов матичен клуб.

Бекам, како што е веќе добро познато, во јануари пристигна на Сан Сиро како позајмен играч од американскиот клуб пред се поради неговата желба да остане во топ форма, имајќи ја предвид паузата во американскиот шампионат во тој момент. Сега како се наближува тајмингот кога тој треба да се врати во САД, Бекам со сите сили се обидува тоа да го одбегне, односно да остане во Милан.

Па така според пишувањето на тиражниот "Газета Дело Спорт" најпопуларниот фудбалер на планетава веќе ги контактирал своите адвокати и им порачал сериозно да ја разгледаат секоја можност тој да остане во Милано. Секако прва опција би била раскинување на договорот со ЛА.Галакси, но како што наведува истиот извор тоа воопшто нема да биде лесно да се издејствува. Бекам со своето однесување го навлече гневот на илјадниците фанови на тимот од Лос Анџелес кои безрезервно го поддржуваа при неговото пристигнување таму. Сега ситуацијата е дијаметрално спротивна и се поставува прашањето дали и доколку Бекам се врати во Америка ќе биде добредојден во таборот на Галакси.

Основен мотив за оваа ново настаната ситуација веројатно е желбата на Бекам повторно да заигра фудбал на највисоко ниво, нешто што американската лига и тимот на Галакси не е во можност да му го пружи.

 

Copyright © 2009 selotejp.com