
Кина информира дека ќе ги стави во карантин сите лица што имаат патувано во Мексико, за да спречи ширење на вирусот Х1Н1, по потврдувањето на првиот случај во Хонг Конг.
После појавата на првиот случај од вирусот од Грипот А во хотел од Хонг Конг, 300 лица клиенти и лицата од хотелот се ставени под карантин и им е забрането да го напуштат хотелот.
Се до сега 16 земји имаат информирано за појавата на вирусот. Новите податоци за ширењето на новиот вирус на грип А во Мексико, соопштени од министерството за здравство, зборуваат за 16 смртни случаи и 381 болни.
Во Канада здраствените власти соопштиле дека во ова земја има заразено 51 лица, а во велика британија бројот на заболени се зголеми на 13 лица.