-->

Агер во Ливерпул до 2014

Дефанзивецот на Ливерпул, Даниел Агер го продолжи договорот со клубот од Енфилд до 2014 година. Данецот кој има 24 години во Англија пристигна во 2006 година од Бронби за околу шест милиони евра.

"Даниел е уште млад, но квалитетен и многу важен играч за иднината на клубот. Сигурен сум дека многу тимови го посакуваа во своите редови, но тој покажа дека е задоволен од престојот на Енфилд и дека нема намера да си замине", изјави Рафа Бенитез, менаџерот на "црвените".

Пред Агер нови договори потпишаа Стивен Џерард и Дирк Кујт. Одбранбениот фудбалер досега одигра 76 натпревари и постигна шест голови. Оваа сезона не беше во првиот тим поради чести повреди и добрата форма на Мартин Шкртел.

Веќе подолго време се ширеа информации дека Агер е незадоволен од минутажата и дека ќе замине во друг клуб. За него "најзагреан" беше Милан, кој беше многу близу до неговите услуги, но, сепак, Ливерпул реши да ги прекине преговорите и сега успешно да ги заврши со Данецот.

 

Copyright © 2009 selotejp.com