-->

Адебајор на лето во Милан

Како што објавија одредени англиски медиуми во своите викенд изданија, менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, подготвен е во летниот преоден рок да го продаде својот најдобар напаѓач Емануел Адебајор во италијанскиот гигант Милан.

Интернационалецот од Того неодамна потпиша нов договор со тимот од Емирати стадионот, за неделна плата од 80 илјади фунти. Сепак, според последните изјави на Адебајор тој воопшто не е задоволен зо заработувачката и доколку истата не му биде зголемена тој ќе си замине.

Тој јавно беше прозван од навивачите, а и од одредени медиуми дека бил една од причините за поразите против Челзи во купот, и против Манчестер Јунајтед во полуфиналето на Лигата на шампионите, особено што овие два меча беа решавачки во сезоната.

Милан веќе подолго време е заинтересиран за услугите на високиот напаѓач и е расположен за него да издвои поголема сума пари. Арсен Венгер според последните информации е решен да се ослободи од напаѓачот и да го испрати во Милан, а како негова замена да го доведе играчот на германски Хофенхајм, Демба Ба.

Францускиот стратег од друга страна со сите сили ќе се бори да ги задржи Цеск Фабрегас, Робин Ван Перси и Тео Волкот, кој исто така се цел на многу европски гиганти. Шпанецот и Ван Перси се цел на Реал Мадрид, а младиот англиски репрезентативец е голема желба на Јувентус.

 

Copyright © 2009 selotejp.com