-->

270 милиони "лисичари"!

Во последно време сме сведоци на голем број новитети на пазарот за интернет прелистувачи.Компаниите се почесто издаваат нови и понапредни верзии на своите broswer-и, а полека се менува и доминантана позиција на Internet Explorer која станува се позагрозена од Mozilla со нивниот Firefox.

Mozilla излезе со известување дека во моментот околу 270 милиони интернет корисници го користат нивниот прелистувач за сурфање на мрежата. До сега бевме навикнати да слушаме само податоци околу процентуалната застапеност на Internet Explorer или Firefox на пазарот (односно, колкав дел од "колачето" земаат овие компании), но сега, добивме и точна бројка која прецизно ни покажува колку луѓе навистина се служат со овој веб-прелистувач.


Во Mozilla веруваат дека со излегувањето на конечната верзија на новиот Firefox, "лисицата" дополнително ќе го зголеми уделот на пазарот. Исто така, во иднина многу се очекува и од нивниот мобилен прелистувач Fennec, кој сеуште не е претставен во финалната верзија.

 

Copyright © 2009 selotejp.com