-->

УЕФА ја отфрли теоријата за заговор против Челзи

Генералниот секретар на УЕФА , Дејвид Тејлор, беше дециден во својата изјава отфрлајќи ја теоријата за заговор против Челзи и евентуалното англиско финале во Лигата на Шампионите.


"Доколку постои некаков заговор, тоа секако е оној медиумскиот против УЕФА , што ме прави навистина нервозен. Морам да признаам дека сум многу нервозен, бидејќи сето тоа што се пласира по медиумите е чиста глупост“ - изјави првиот оперативец на организацијата на чие чело се наоѓа некогаш понајдобриот играч на светот, французинот Мишел Платини.

Тејлор посебно го посочи возвратниот полуфинален дуел меѓу Челзи и Барселона на Стемфорд Бриџ кој се одигра во средата, каде можеше да се увери во низата грешки на норвешкиот судија Овребо, чија арбитража скоро го уништо лондонскиот клуб.

Мислењето на Тејлор го подржа и Грахам Пол во англиските медиуми, поранешниот англиски судија со најголеми достигнувања во УЕФА .

"13 години судев под организација на УЕФА . Од тогаш 11 години бев во секојдневен контакт со најдобрите 30 судии. Морам да кажам дека никогаш не доживеав ниту најмала сугестија во смисла дека е подобро некој да победи поради лични интереси. Никогаш не беше барано од мене да судам во нечија корист. Ве уверувам во тоа" - изјави Пол во интервју за BBC.

"Ништо во животот неможам да гарантирам, бидејќи секојдневно се случуваат работи кои не ни можете да ги сонувате. Сепак, со 99% сигурност можам да гарантирам дека ништо не беше барано од норвешкиот судија. Тоа во УЕФА не се случува".

 

Copyright © 2009 selotejp.com