331 заразен и 10 починати е последниот биланс на жртви на новиот тип на грипот А (ха-1 ен-1) во светот, соопшти денеска Светската Здравствена Организација.
Нови случаи во кина и во данска. Мексиканските власти објавија за нови 40 заразени. Германија - за прв случај на инфициран, кој вирусот не го донел од Мексико, туку се заразил во матичната земја. Во меѓувреме, не престануваат обвинувањата до Светската Здравствена Организација дека споро реагирала, иако била предупредена за новата болест.
Неколку десетици ново заразени во Мексико. Кина и Данска се новите земји кои потврдија случаи на заразени од грипот А (ха1-ен1). Прв случај на инфициран од неувезен вирус во Германија. 42-годишна болничарка од Баварија е првиот инфициран, кој се заразил во матичната земја, односно не го донел вирусот од Мексико, како што е случај во речиси сите земји, каде што е потврдено присуството на болеста.
Во епицентарот на заразата Мексико нови 40 регистрирани случаи. И покрај таквиот развој на настаните, мексиканските власти уверуваат дека бројката на ново заболени е охрабрувачка, зашто како што тврдат, билансот на инфицирани е во значително опаѓање во споредба со минатата недела, кога ескалираше епидемијата.
Но, дали ширењето и паниката од првично наречениот свински грип можеше да ублажи, судејќи според тврдењата на директорот на мексиканскиот центар за епидемиологија, Мигел Лезања. Тој денеска побара покренување истрага против Светската Здравствена Организација, обвинувајќи ја за индиферентност и бавна реакција, и наспроти неговите рани предупредувања за појава на атипична болест на респираторните органи.
Според него, организацијата објавила опасност од епидемија 8 дена, по неговите наводни предупредувања. СЗО ги отфрли обвинувањата.
Грипот досега зафати 14 земји на 4 континенти. Светот е во очекување вирусот да ја зафати јужната хемисфера, каде што новонастаната криза се совпаѓа со почетокот на зимата. Експертите стравуваат од прелевање на вирусот во африка, која е во моментов безбедна, но каде што, поради немаштијата, појава на свинскиот грип би било погубно за црниот континент.