-->

Приближно 4.700 луѓе заразени од свински грип - 53 веќе починаа

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти оти 4.694 луѓе се заразени со вирусот на новиот грип, а 53 лица се починати, од кои 48 во Мексико, тројца во САД и по еден во Канада и во Костарика.

Вирусот H1N1 е регистриран во 30 држави, од кои најголем број во Мексико - 1.626, во САД - 2.532, а во Канада - 284.

Од европските државо најпогодена е Шпанија, каде се регистрирани 93 луѓе заболени од грипот А, а во Велика Британија - 39. Франција пријави 12 заразени луѓе, Германија - 11, Италија - девет, Холандија три, а Ирска, Португалија, Австрија, Данска, Шведска, Швајцарија и Полска по еден случај.

Кинеските власти соопштија дека се уште трагаат за околу 150 лица кои биле во истиот авион со лицето за кое е потврдено дека е инфицирано со вирусот H1N1.

СЗО пред две недели го подигна новото на опасност на петти степен, предпоследен пред прогласувањето на пандемија.

 

Copyright © 2009 selotejp.com