-->

Влошена здравствената состојба на Шешељ

Зоран Красиќ, шеф на тимот на Восилав Шешељ, предупреди на лоша здравствена состојба на лидерот на радикалите и намера Судот да го „елиминира од политичкиот живот“.

Тој изјави синоќа дека процесот против неговиот клиент е „судска фарса“ и оти резултатите од анализата на крвта покажуваат проблеми со црниот дроб.

- Невообичаено е против еден обвинет да се организираат два процеса - за воени злосторства и непочитување на судот, изјави тој. Красиќ смета дека целта е Шешељ кој веќе седум години е во Хаг, да се „елиминира од политичкиот живот“ и оти „Хаг селективно применува прописи и спроведува казнено право“.

Потсети дека Хаг постапката против шешељ за непочитување на Судот треба да ја почне во крајот на мај. На Шешељ му се суди за злосторства против човештвото и повреда на военото право и обичаите на водење војна во Хрватска, Војводина и БиХ во периодот 1991-1993 година. На 21 јануари оваа година Шешељ беше обвинет и за непочитување на Судот поради обелоденување имиња и други лични детали на три сведоци чиј едентитет по налог на претресниот совет беше заштитен од јавноста.

 

Copyright © 2009 selotejp.com