Минатиот викенд на Concorso d’Eleganza, кој се одржа во хотелот Villa d’Este, на брегот на италијанското езеро Коми, претставен е првиот конечен сериски примерок на новиот супер автомобил на Aston Martin.
Станува збор за моделот кој во моментов и официјално се уште го носи кодното име One-77. Претставениот примерок наводно бил завршен два дена пред премиерата. За разлика од претходните примероци кои беа претставени на парискиот и на женевскиот саем за автомобили, овој примерок е потполно завршен, вклучувајќи го моторот како и луксузно опремениот ентериер.
One-77 е тежок околу 1.500 килограми, доаѓа со напредна суспензија, 7,3-литарски V12 со сила од 700 KS. Станува збор за модифицирана изведба на 6.0 V12 кој Aston Martin го развиваше во соработка со Cosworth.
Моторот доаѓа во комбинација со 6-степенски роботизиран секвенцијален менувач и рачки за управување кои силата ја насочуваат на задните тркала. Се проценува дека максималната брзина ќе изнесува над 320 километри на час, а за забрзување од нула до 100 километри на час ќе бидат потребни 3,5 секунди.
За овој модел беше потребно да се развијат посебни гуми, задача која ја доби Pirelli, кој го понуди моделот P Zero Corsa (предните се 255 милиметарски, додека задните се 335 милиметарски). За сопирање задолжен е сетот од карбонско-керамички дискови со напредни клешти за запирање.
За крај да истакнеме дека Aston Martin на своите купувачи ќе им понуди богат програм за индивидуализација на автомобилот, во која ќе биде вклучена можноста за прилагодување на повеќе делови од автомобилот, согласно личните желби на купувачите, почнувајќи од менувачот, суспензијата, па се до ентериерот и дизајнот на седиштата.
Автомобилот ќе се појави на пазарот кон почетокот на следната година, но според последните информации, целокупната серија е целосно продадена. Па така веројатно е подобро да кажеме дека првата испорака на купувачите, кои за овој модел издвоија 1,4 милион евр5а ќе започне кон почетокот на 2010 година.
Да, време е за неколку неверојатни фотографии на овој прекрасен ден. Опуштете се, релаксирајте се и погледнете неколку фотографии додека и онака сте тука! Нема да бидете разочарани ...
Летните олимписки игри 2016 година ќе се одржат во Рио де Жанеиро, одлучија членовите на Меѓународниот олимписки комитет на седницата која денеска се одржа во Копенхаген. Рио ја доби ...
Интернет страницата за онлајн аукција „eBay“ го повлече огласот на десет годишното девојче од Велика Британија, кое сакало да ја продаде својата баба. Зои Пемблтон ја ставила својата 61-год ...
Жените кои секојдневни пијат најмалку 5 филџани зелен чај во просек имаат за 20 отсто помал ризик да заболат од рак на желудник, сугерира последното јапонско истражување. Експертите од ...
Microsoft го објави Security Essentials, бесплатен анти-вирус и безбедносен софтвер за сите верзии на Windows оперативниот систем. Претходно овој софтвер го носеше име Мorro и беше најавен дека ...
На 88 години вечерва почина македонскиот романсиер, драмски писател и публицист Коле Чашуле. Тој е роден во прилеп во 1921 година. Чашуле бил директор на радио Скопје, уредник ...
Замислете во цело Скопје, или во вашиот град да има само две продавници за прехрана. Само две и ништо повеќе. Најлесно е да се претпостави дека цените на артиклите внатре ќе бидат драстично ...