-->

Toyota го најави Lexus RX 450h хибрид

Toyota не губи време кога е во прашање проширувањето на палетата на хибридни модели на својот Lexus бренд. Компанијата веќе на големо го подготвува својот нов модел Lexus RX 450h хибрид CUV (Crossover Utility Vehicle).

Моделот ќе дојде во две изведби (со погон на предните и со погон на сите четири тркала), а двете ќе имаат 3,6 литарски V6 мотор, кој во комбинација со електромоторот ќе даваат сила од 295 КS.

Двата мотора се одликуваат со мала потрошувачка на гориво, што ги прави кандидати за Super Ultra Low Emission Vehicle (SULEV) сертификатот. Просечната потрошувачка на гориво се проценува на 8,4 литри на 100 километри возење низ град, односно 7 литри на 100 километри на автопат.

Цената на двете изведби ќе се движи околу 42.000 американски долари, а нивната продажба се очекува во текот кон средината на следната година.

 

Copyright © 2009 selotejp.com