-->

Наградата од англиските навивачи за Стивен Џерард

Капитенот на Ливерпул Стивен Џерард ја доби наградата од навивачите за најдобар играч на сезоната во Премиер лигата. Ова му е втора ваква награда, а првата ја освои во 2001 година.

Откако во последните две години трофејот му беше доделуван на Роналдо, годинава навивачкиот "суд" ги истакна вредностите на капитенот на Ливерпул.

Ова е осми ваков избор, а освен спомнатите двајца, два пати славеше и тогашниот напаѓач на Арсенал Тери Анри. По една круна имаат Франк Лампард и Вејн Руни.

"Стивен отсекогаш беше мој личен фаворит и признавам дека ми е посебно драго што трофејот отиде во неговите раце. Бев воодушевен кога беше номиниран за играч на годината по избор на своите колеги, но таа награда сосема заслужено отиде кај Рајан Гигс", изјави извршниот директор на Здружението на англиските клубови Гордон Тејлор.

 

Copyright © 2009 selotejp.com