-->

Манчестер Јунајтед ќе ја брани титулата во ЛШ

Манчестер Јунајтед без никакви проблеми успеа да слави во гостувањето за кое се очекуваше дека може да им направи многу проблеми, но сепак момците на Фергусон славеа во Лондон и ќе имаат можност за прв пат во историјата на Лигата на Шампионите да ја одбранат титулата.


Арсен Венгер и играчите на Арсенал беа прилично одлучни пред мечот со најавите и самоувреноста дека ќе го надокнадат минусот кој го направија на првиот меч игран на Олд Трафорд, но фудбалерите на Јунајде сепак успеаа да ја повторат добрата игра, но овој пат не имаа проблем со реализацијата.

Надежта на лондонскиот стадион Емирати владееше, дури само 8 минути, затоа што толку им требаше на гостите да ја зголемат вкупната предност и веќе со еден потег да го стават Арсенал во тешка ситуација.

Се би било поинаку доколку божицата Фортуна беше на страната на Арсенал кога Фабергас во првата минута шутираше, а топката се одби од Рио Фердинанд и за малку не го измами Ван Дер Сар, но сепак искусниот Холанѓанец не беше совладан.

Во осмата минута Андерсон на левата страна го проигра Кристијано Роналдо, кој нафрли повратна топка во шеснаесетникот, а таму во погрешен момент се лизна младиот Гибс. Топката стигна до Џи-Сунг Парк, а тој успеа да ја префрли топката над Алмунија и погоди за 0:1. Следеше уште еден шок за брзо време.

Во 11-тата минута Ронадло беше запрен со фаул на околу од 30 метри од голот на Арсенал. Алмунија го постави живиот ѕид од само 2 играчи и не очекуваше топовски удар од Роналдо во блискиот агол, кој ја распари мрежата и го реши мечот уште во раната фаза.

Арсен Венгер во тој момент знаеше дека првиот финалист во Лигата на шампионите е Манчестер ЈУнајтед, а ни неговите играчи повеќе не веруваа дека можат да направат пресврт, па им дозволија на Јунајтед да го контролираат мечот.

Во 61-та минута одбраната на Арсенал уште еднаш извиси. Парк ја започна акцијата, многу искусно го проигра Вејн Руни, а тој со уште подобра и несебична асистенција на другата страна го пронајде Роналдо, кој не можеше да не погоди. Со тоа Роналдо го потврди пласманот на актуелниот шампион во Европа во полуфиналето.

"Учениците" на Арсен Венгер имаа прилика да изнудат аплаузи во 75-та минута откако што Флечер во казнениот простор од назад го собори Фабрегас, по што од белата точка прецизен беше ван Перси, кој ги постави конечните 3:1.

 

Copyright © 2009 selotejp.com