-->

Сите бои во еден фломастер

Сигурно додека сте користеле некој од компјутерските програми за цртање, сте го забележале алатот Color Picker, со кој можете да ја изберете бојата која се наоѓа на екранот. Сега тоа е возможно и во реалниот живот благодарение на Jinsun Park.

Компанијата измисли фломастер кој може да пишува со било која боја што ќе ја изберете, слично како со гореспоменатиот алат.

Се што треба да направете е едниот крај на фломастерот да го вперите во објектот чија боја сакате да ја искористите, а RGB сензорите веднаш ќе го запомнат вашиот избор и во истиот момент ќе ги измешаат боите од тонерот кој се наоѓа во фломастерот.

Ова средство за пишување поседува и дисплеј на кој може да се види избраната боја, но и да се види процентот на искористеност на кетриџот.

Извор: Идивиди

 

Copyright © 2009 selotejp.com