-->

Кениец бара отштета оти жена му апстинира од секс



Еден Кениец бара отштета за претрпен стрес за време на кампањата на локалните женски организации, кои една недела ги бојкотираа сексуалните односи, со цел да ги натераат политичките лидери да ги запрат судирите во земјата.

Џејмс Кимондо ги тужеше предводничките на здружението Г10, што ги вклучува женските организации, кои ги повикаа сонародничките на апстиненција.

„Откако жените повикаа на бојкот, мојата жена одбива да ја исполнува својата брачна должност. Поради тоа сум вознемирен и имам несоница“, им изјави Кимондо на новинарите, додавајќи дека е под стрес, дека има мигрена и губи концентрација.

Здружението на жените на крајот на април прогласи еднонеделна апстиненција за да ги наведат незадоволните мажи да извршат притисок на политичарите, за тие да почнат да ги решаваат несогласувањата и да ги спроведат реформите.

Од почетокот на 2008 во Кенија има константни судири меѓу приврзаниците на претседателот Мваи Кибаки и Рајла Одинга, кој потоа стана премиер.

 

Copyright © 2009 selotejp.com