Статините штитат од рак на простатата
Лековите за намалување на холестеролот, статините, можат да ги заштитат мажите од рак на простатата и некои други уролошки проблеми, заклучија експертите на клиниката „Мејо“ врз основа на резултатите од големите клинички истражувања.
Следејќи 15 години 2.447 испитаници на возраст од 40 до 79 години, лекарите кај шест отсто од нив кои земале статини утврдиле рак на простатата, додека кај оние кои не земале статини овој вид на рак е утврден во тројно поголем процент.
Исто така заклучено е дека лицата кои земале статини се помалку изложени на канцерогеното зголемување на простатата и еректилната дисфункција.
Во статини спаѓаат и „липитор“ од фирмата „Фајзер“ и „крестор“ од фирмата „Астра Зенека“ како и еден број ефтини генерички лекови.
Статините моментално се употребуваат за намалување на холестеролот со што се намалува ризикот од инфаркт и шлогирање кај пациентите кај кои тој ризик е зголемен.
Во лабараториски услови експертите уште претходно утврдиле дека статините го спречуваат делувањето на канцерогените ќелии.
Истражувањето на клиниката „Мејо“ меѓутоа, прво покажа дека статините навистина можат превентивно да делуваат против еден вид на рак.

Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)