-->

„Интелигентна куќа“ за стари лицаh

Системот за информирање за здравјето од „интелегентната куќа“ за стари лица, која ја развија научниците од француската технопола Софија-Антиполис треба да биде воведен кон крајот на годината во два приватни домови за стари лица во Франција.

Апартман-лабораторијата на технополата (област со згради во кои се вршат научни истражувања) има приемници вградени во сите простории и на сите стратешки места, благодарение на кои, во случај на одредени здравствени проблеми на лицето, може да се испрати алармен сигнал до неговите родинини, лекарот, итните служби или персоналот за прва помош во домовите.

На системот заедно работеа инженери и геријатри и него во 2008 година веќе го тестираа 14 здрави доброволци постари од 65 години, додека испитувањето на системот во болничка средина треба да биде извршено до 2010 година.

Научниците сметаат дека примената на системот, иако претставува едно од решенијата за згрижување на стари лица во иднината, ќе зависи од тоа како ќе го прифатат тие лица и општеството бидејќи во одреден степен ја нарушува приватноста.

 

Copyright © 2009 selotejp.com