-->

Плати, па сурфај

Содржината која ја гледаме на интернет повеќе не смее да биде бесплатна.

Ова е една од лудите идеи на Руперт Мердок, австралискиот медиа могул кој сериозно планира да покрене нов деловен модел за своите весници, според кој би се наплаќала целата содржина достапна на мрежата.

Овој пристап на заработка веќе почна да се исплатува преку неговата последна аквизиција, Wall Street Journal, па поради тоа Мердок верува дека овој модел може да се примени и на останатите изданија.

Главната причина за овој потег се наоѓа во намалувањето на профитот. Кварталното намалување на заработувачката во компанијата на Мердрок изнесува дури 47%, кое пак е поттикнато од намаленото огласување по неговите телевизиски и новински мрежи.

Руперт Мердок иако верува дека најлошото веќе помина, тој со нескриен ентузијазам и верба објаснува дека оваа во деловниот модел би се имплементирала во следните 12 месеци. Со воведување на овој нов модел, сета содржина на News Corp на интернет ќе се наплатува, а тоа треба да донесе нов пораст во профитот на компанијата.

Се очекува оваа одлука на еден од најмоќните медиумски моќници во светот да има огромно влијание и на останатите весници кои веќе имаат свои интернет изданија, па во блиска иднина би требало да очекуваме се поголем број од нив да почнат да наплатуваат за читање новости на нивните страници.

 

Copyright © 2009 selotejp.com