Microsoft сфати дека Genuine системот за заштита од пиратерија стана омразен и помеѓу легалните корисници поради периодичните проверки и повремените грешки во дијагнозата на пиратски софтвер, па одлучи да го промени неговиот назив, а донекаде и однесувањето.Windows 7 ќе биде заштитен на ист начин како и Vista, но со мали измени кои на легалните корисници би требало да им го намалат губењето време со проверките. Наместо периодичен потсетник за активација, новиот потсетник ќе се појави еднаш, ќе побара моментална активација или одложување на активацијата и ќе напише кои се предностите на коректно активираниот Windows, а потоа ќе го пушти корисникот да продолжи да работи на својот компјутер.










