-->

Ги снимал колегите и добил отказ

Еден од најпопуларните новинари на првиот канал на чешката телевизија „Нова“ Јиржи Длабаја добил отказ поради блог на Интернет.

Директорот на телевизијата го отпуштил Длабаја поради блогот на кој поставил снимка на која тој и некои негови колеги грофтаат имитирајќи свињи.

На снимката од 33 секунди, направена во редакцијата на телевизијата „Нова“, Длабаја „интервјуира“ пет свои колеги за темата на која работат.

Бидејќи сите ги следеле настаните врзани за „свинскиот грип“, преименуван во меѓувреме во нов вирус на грип А, колегите му одговараат со грофтање и со гримаси. На крајот на снимката и самиот Длабаја го имитира грофтањето на свињите.

Снимката била поставена на мрежа до 3 мај и досега ја виделе 50.000 Интернет корисници.

Правдајќи го отпуштањето на новинарот, директорот на телевизијата „Нова“ изјави дека таа шега претставувала „тешко кршење на интерните норми“ на приватниот телевизиски канал.

 

Copyright © 2009 selotejp.com