-->

Почина американскиот комичар Дом Делуис

Американскиот комичар Дом Делуис (75) почина синоќа во сон, во една болница во Лос Анџелес, соопшти неговото семејство.

- Во негово присуство секогаш секој се чувствувал подобро. Никогаш немам слушнато дека рекол за некого нешто лошо. Многу ќе ми недостасува, изјави Берт Рејнолдс за својот пријател и колега.

Семејството соопшти дека Делуис починал по бројните здравствени проблеми, вклучувајќи и рак на простата.

Американскиот комичар е роден на 1 август 1933 година во Бруклин. Кариерата на телевизија и на филм ја започнал во 60-тите години од минатиот век, а славата ја стекна глумејќи магионичар во шоу програмата на Дин Мартин.

Најпознати филмови му се: „Blazing Sadlles“, „Smokey and the Bandit II“ и „The Cannonball Run“. Бил оженет со глумицата Керол Артур, а тројцата негови синови Питер, Мајкл и Дејвид исто така се занимаваат со актерство.

 

Copyright © 2009 selotejp.com