Дебелината поврзана со алергиите
Децата и адолесцентите со прекумерна телесна тежина имаат 26 отсто поголем ризик да заболат од некој вид алергија, особено алергија на храна, заклучуваат експертите од американскиот институт за здравствени науки NIEHS.
Научниците истакнуваат дека се уште не може да се тврди оти дебелината директно предизвикува алергии, но советуваат склоноста кон дебелеење кај децата и адолесцентите да се држи под контрола. На овој начин, истражувачите сметаат дека ќе може да се намали појавата на алергии и астма кај оваа старосна група.
Децата со прекумерна телесна тежина за 59 отсто почесто добиваат алергија на храна од децата со нормална тежина, вели доктор Стефани Лондон, еден од истражувачите.
Тврдењата на експертите од NIEHS се темелат на анализата на податоците од 4.000 деца и адолесценти, на возраст од 2 до 19 години, вклучувајќи ги и оние со алергии и астма. Утврдено е дека децата со прекумерна и со зголемена телесна тежина имаат повеќе антитела на специфични алергени.
Во САД околу 16 отсто од децата и адолесцентите на возраст од 2 до 19 години имаат зголемена телесна тежина, а според податоците на Центарот за контрола и превенција на болести, потврдено е дека зголемената телесна тежина го зголемува ризикот за срцеви болести, дијабетес и астма.

Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)