Британскиот хуманитарен работник и љубител на екстремни спортови, Бен Соутхал (34) е прогласен за победник во натпреварувањето за „најдобрата работа на светот“ – шестмесечно чување на австралиски тропски остров. Бен од Петерсфилд излезе како победник во конкуренција од 35.000 кандидати од целиот свет. Негова работа ќе биде пливање, истражување и одморање на островот Хамилтон во Големиот корален гребен. За пола година Бен ќе заработи 111.000 долари.
Соутхал заедно со 15 други финалисти изминативе четири дена беше на дополнително тестирање. Финалистите морале да покажат колку добро знаат да пливаат во кристално чистата вода, уживале на прекрасните плажи и во спа центарот, но морале и да ги покажат своите способности во пишување и водење на свој интернет блог.
- Се надевам дека ќе бидам успешен и гарантирам дека ќе се грижам за островот. Среќен сум што ја освои работата, кратко изјави Британецот.
Бен работел како туристички водич во Африка. Во своето промотивно видео вметнал снимки на кои се гледа како нурка, бакнува жирафи и јава на ној.